Италија ја задржува улогата на фаворит во полуфиналето против Шпанија, а назначувањето на Феликс Брих за судија на мечот се чини како позитивен знак за „аѕурите“.
Екипата на Роберто Манчини нема пораз кога Германецот судел на нивните натпревари. Билансот под негова арбитража е 4 победи на Италија и 2 нерешени средби.