Српскиот интернационалец Александар Коларов нема да си оди од „Џузепе Меаца“. И покрај тоа што беше поврзуван со неколку клубови, од Италија, од Англија, од Германија, од Блискиот Исток, па дури и Црвена Звезда, сепак, на крајот одлучено е Коларов да остане во Интер до 30 јуни 2022 година.
Коларов е екс-фудбалер на Чукарички, ОФК Белград, Лацио, Манчестер Сити и Рома. Во Интер дојде во 2020 година но најчесто е резервен играч.