Манчини: Ова не е фер од страна на Британците

3734

Италијанскиот селектор Роберто Манчини пред вечерашниот дуел на неговата репрезентација против Шпанија, во рамките од полуфиналето на ЕУРО, изјави дека властите во Британија воопшто не се фер и коректни што не дозволија странски навивачи на трибините на Вембли.

Имено, властите на Островот, стриктно забранија влез на гостински навивачи, со оглед на ковид мерките, а од друга страна за домашните навивачи дозволи целосна слобода.

Па така, на дуелот Италија – Шпанија, нема да има ниту еден навивач на двете репрезентации туку трибините ќе бидат исполнети со англичани.

„Искрено, ова не е фер од страна на Британците. Ние сме подобри кога играме пред голем број на наши навивачи, и тоа е добро за фудбалот. Мислам дека е крајно некоректно што половина стадион вечер нема да биде исполнет со Италијани, а другата половина со Шпанци“ – изјави Манчини.

 

ПретходноЕУРО 2020: Кој во финале – непобедливите „Аѕури“ или енигматичните Шпанци?
СледноАурелио де Лаурентис: Инсиње во лице да ми каже дека не е повеќе член на Наполи