Металург ја стави Европа во „мирување“

575

Металург го откажува својот настап во Европа. Иако тимот од Автокоманда за новата сезона најави големи амбици и потпиша врвни ракометни имиња, сепак најновото барање од страна на ЕХФ да се уплати депозит од 50.000 евра, го принудија клубот да донесе тешка одлука.

Настапот на Европа е ставен во мирување. Металург ќе биде посветен на домашното првенство, средствата кои ќе треба да бидат уплатени во ЕХФ, како и оние кои се трошат за настап во Европската лига, ќе бидат искористени за средување на сите проблеми.

Од клубот најавија прес-конференција на која наскоро ќе бидат познати и официјално сите детали.

За одлуката се информирани и во РФМ, па местото на Металург во квалификациите за Европската лига ќе му припадне на Бутел Скопје. Покрај овој тим за место во групната фаза ќе се бори Т.Пролет, а директно во групите оди Е.Пелистер.

ПретходноШампионот сака победа без примен гол против Мура!
СледноБајиќ со нов стручниот штаб, ќе има само еден Македонец?