Мура ја „поплави“ Шкендија среде Скопје (ВИДЕО)

5369

Прво квалификациско коло Лига на Шампиони

Шкендија (МКД) – Мура (СЛО) 0:1 (0:1)
Арена Тодор Проески во Скопје, Гледачи 4000, Главен судија: Антонио Емануел Карваљо (Пор) Помошници: Педро Рикардо Фереира, ПЕдро Мигуел Алмеида (Пор), Стрелци: Бобичанец 28 м. (М), Ж.картони: Кривак, Ибраими (Ш) Коутер (М)

Шкендија: Захов, Павиќ, Бејтулаи, Ибраими, Нафиун (Игор 64м), Дориев (Елези 82м), Мурати, Зејнулаи (Хебак 64м), Кривак, Чака

Мура: Обрадовиќ, Цирот (Мандиќ 64м), Бобичанец (Козар 83м), Марушко, Коутер, Коус (Мароша 83м), Хорват, Карничкик, Штурм, Горенц, Клепач


На шампионот на Македонија, тимот на Шкендија ќе му биде исклучително тешко да се пласира во следната квалификациска фаза од Лигата на Шампионите, затоа што вечерва на Арената Тодоро Проески во Скопје загуби од шампионот на Словенија, тимот на Мура со конечни 0:1.

Реваншот на гостински терен за нашиот претставник ќе биде веројатно најтешкиот меч во изминативе неколку години, но тука веројатно треба да се покаже и силата.

Овој меч имаше два клучни моменти и тоа двата во првото полувреме. Два пенали кои го одлучија текот на мечот. Оној за гостите кои го реализираше Бобичанец во 28. минута, и оној на Бесарт Ибраими кој најдобриот играч на Шкендија не го реализираше во последната минута од полувремето.

Мечот стартуваше со шанса на гостинската екипа, која со глава се обиде од петерец директно во Захов. Потоа Бесарт Ибраими односно Нафиу на спротивната страна, за Дориев, да ја има најголемата шанса до тој момент за Шкендија.

Во 28. минута Кривак стартуваше со раце врз Цирот, а судијата од Португалија покажа на белата точка. Сигурен реализатор Бобичанец.

 

Бесарт промашува пенал за 1:1

Шкендија потоа тргна да израмнува и за малку тоа што не и појде од рака. Во последните моменти од полувремето, Бесарт Ибраими фаулиран во противничкиот шеснаесетник, судијата покажува на белата точка. Ибраими самиот ја презеде одговорноста, но шутираше покрај левиот голманов дирек.

Клепач не носи двојно водство за Мура

На стартот на второто полувреме можеше на овој меч апсолутно се да биде готово. Цирот повлече една контра прекрасно со пета го проигра Клепач на пеналтикот, а овој непречен од никој шутираше покрај голот на Захов.

Во 58. минута, првата сериозна шанса за Шкендија во продолжението. Долга, длабочинска топка за Мурати, овој ја прими и со малку среќа се ослободи од директниот чувар. Излезе сам одкосо со Обрадовиќ но шутираше само во неговите нозе. На спротивната страна Марушко од далечина Захов одбива во корнер.

Нововлезениот Бразилец, Игор во својата прва ситуација на асистенција на Ибраими шутираше над голот. Во тие моменти, 71.минута Шкендија се обидуваше да наметне некакво свое темпо, да се префрли на противничката половина, но тоа тешко му одеше од рака на домаќинот.

До крајот на мечот Шкендија јалово пробуваше најмногу преку Ибраими но едноставно Мура и тоа како знаеше што прави на вечерашниов натпревар. Не дозволи нов зицер, напротив екстра искусно го приведе мечот до самиот крај.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Италија и Шпанија шутнаа по еднаш, „аѕурите“ погодија пречка
СледноОдложена продажбата на акциите на ФК Пелистер, се бараат дополнителни информации од заинтересираната компанија