Точката за продажба на 75% од акциите на ФК Пелистер од Битола не се најде на денешната седница на советот на Општина Битола. Според информациите, таа е одложена за петок, а причината за одложувањето е тоа што владеачкото мнозинство во Советот побарало од заинтересираната компанија да испрати дополнителни информации за иднината на клубот.
Локалните медиуми веќе известија дека постои сериозна намера од заинтересиран странски инвеститор да откупи 75% од акциите кои моментално се во приватна сопственост, но за тоа по се изгледа ќе мора повторно да се почека.