ОФИЦИЈАЛНО: Хакими во ПСЖ за 70 милиони евра!

238

Пари Сен Жермен го комплетира трансферот на мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими од Интер. Сумата е неверојатна, за овој офанзивен бек парискиот клуб ќе му плати на Интер дури 70 милиони евра.

Инаку Хакими стави потпис на договор до 2026 година со годишна плата од 8 милиони евра плус бонуси: 1 милион во зависност од настапите за клубот и уште 1 милион евра доколку ПСЖ ја освои ЛШ.

Хакими e дете на Реал Мадрид, но не се наметна на „Бернабеу“, една сезона играше за Борусија Дортмунд како позајмен, а во 2020 за сума од 40 милиони евра прејде во Интер.

Наскоро ПСЖ ќе го објави и трансферот на Серхио Рамос, а веројатно и на голманот Џанлуиџи Донарума.

ПретходноФранцузинот и се освети на Барселона
СледноДанскиот херој Дилејни е далтонист – но тоа не му пречи добро да игра фудбал!