Подолски потпиша за Горњик Забже – вети и го исполни ветувањето

316

Светскиот шампион со Германија, Лукас Подолски има нов клуб. Тој се врати во Полска и потпиша едногодишен договор со Горњик Забже и со тоа се врати во татковината. Подолски е роден во Гливице, град во близина на Забже меѓутоа фудбал почнал да игра во Германија и тоа во младинскирте категории на Келн, а во 2003 година почнал да тренира и да игра за сениорската екипа. Тој остави длабок белег во Бундес лигата прво со Келн, па со Баерн Минхен.
Играше и за Арсенал, Интер, Галатасарај, јапонскиот Висел Кобе, турски Анталијаспор, а сега се врати во Полска.
Toj вети дека еден ден ќе се врати во Полска и ќе заигра за локален клуб и после долги години го исполни ветувањето.
Горњик минатата сезона заврши на 10-тото место во полската Екстракласа.

 

ПретходноДанскиот херој Дилејни е далтонист – но тоа не му пречи добро да игра фудбал!
СледноСТАРТНИ СОСТАВИ: Мората на клупа кај Шпанците, Емерсон го замени Спинацола