Познати полуфиналистките на Вимблдон

148

Денеска ги добивме полуфиналистките на Вимблдон. Во четврток, рекетите најпрво ќе ги вкрстат Барти и Кербер, а потоа и Плишкова и Сабаленко. Чешката тенисерка, Каролина Плишкова прва стигна до полуфиналето, прво на Вимблдон за неа во кариерата. Таа ја победи Викторија Голубиќ од Швајцарија со 6:2, 6:3. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето со победа од 2:0 над Жабер од Тунис (6:4, 6:3).

Германката Анжелик Кербер избори пласман во полуфиналето на Вимблдон со победа над Мухова од Чешка во сетови 6:2, 6:3. Последна што стигна до полуфиналето беше првата тенисерка во светот, Ешли Барти од Австралија, совладувајќи ја својата сонародничка Томљaновиќ 6:1, 6:3, за само 68 минути игра.

Во полуфиналето, Барти ќе се сретне со Кербер.

ПретходноЕуро 2020: Кога суди Феликс Брих, Италија не знае за пораз
СледноМиловановиќ кај Серафимов во Залаегерсег