ПОЛУВРЕМЕ: Италија и Шпанија шутнаа по еднаш, „аѕурите“ погодија пречка

405

Првото полувреме на првото полуфинале на Еуро 2020 донесе досаден фудбал, без шанси и без вистински возбудувања. Италија и Шпанија главно поминаа 45 минути во игра на средината, додека Шпанците ја „мачеа“ топката, а Италијанците се обидуваа да ја зачуваат цврстината во последната линија.

Единствената вистинска шанса на мечот ја имаа Шпанците во 25. минута, кога Дани Олмо биеше во голот на Италија, но Донарума успеа да одбрани. До крајот Италија дојде во ситуација да поведе, но од косо, Емерсон Палмиери погоди во пречката.

Останува да очекуваме многу подобар фудбал во второто полувреме.

ПретходноЦСКА (М) им го краде Алиоски на турските гиганти? Русите нудат 2,5 милиони по сезона!
СледноМура ја „поплави“ Шкендија среде Скопје (ВИДЕО)