Саутгејт: За разлика од нас, Данците еднаш го освоија европското првенство

738

Утре во второто полуфинале на Еуро 2020, Англија е пред голем предизвик. На домашен терен, „Трите лава“ се среќаваат со Данска во меч во кој многумина ги сметаат за апсолутни фаворити. Сепак, селекторот на Англичаните, Герет Саутгејт, упати предупредување до фудбалерите, но и до навивачите.

„Данска еднаш го освои Европското првенство, така што тие имаат подобар скор од нас и мислам дека луѓето во Англија го заборавија тоа. Никогаш во нашата историја не сме стигнале до финале, па затоа ова е одлична можност за нашите играчи да влезат во историјата“, потсети Саутгејт.

Утре на „Вембли“ Англија ќе ја има огромната поддршка од навивачите, затоа што ретки ќе бидат тие кои ќе навиваат за Данска.

ПретходноЕуро 2020: Италија и Шпанија одат во продолженија (ВИДЕО)
СледноЕуро 2020: Пеналите ја „лансираа“ Италија во големото финале (ВИДЕО)