Кога пред седум години, Бејл од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид, имаше ставено клаузула која сега лондонскиот тим ја активираше.
Имено, во клаузулата стои дека двата тима ќе треба да одиграат пријателски натпревар, па од тимот од Лондон сега се решија да ја активираат.
Испратиле барање до „кралевите“ пријателскиот дуел да се одигра овој месец, со што Реал бил целосно збунет. Меѓутоа од Тотенхем ги потсетиле на клаузулата, и сега тој меч мора да се одигра.