Хуркач приреди изненадување на Вимблдон

634

Сензација на Вимблдон, полскиот тенисер Хуберт Хуркач по пет сета го елиминира Русинот Данил Медведев во осминафиналето на турнирот. 17-то рангираниот Хуркач во меч кој траеше два дена (поради дожд), го победи фаворитот Медведев со 2:6, 7:6, 3:6, 6:3, 6:3.

Медведев имаше водство од 1:0, па и 2:1 во сетови, по што Полјакот направи брејк и израмни на 2-2. Рускиот тенисер не можеше да влезе во ритам, на другата страна Хуркач без проблеми го доби петтиот сет за победа од 3-2.

За Хуркач ова ќе биде прво учество во четвртфиналето на Вимблдон, а таму ќе се пресметка против Швајцарецот Роџер Федерер.

ПретходноБајиќ со нов стручниот штаб, ќе има само еден Македонец?
СледноОд цела Бундес-лига, само Баерн Минхен ќе игра пред помал број на публика