Шампионот сака победа без примен гол против Мура!

367

Ждрепката не и беше наклонета на Шкендија. Јасно е дека нема лесни ривали во квалификациите во Лигата на Шампионите, но уште појасно е дека нашиот шампион на стартот доби силен и квалитетен ривал. Имено вечерва од 20 часот на Арената во Скопје, момците на стратегот Ернест Ѓока во првиот дуел од двомечот во 1.квалификациско коло во ЛШ за ривал ја имаат Мура. Тоа е тим најдобар во Словенија, тим кој што стана првак на својата земја пред едни Марибор и Олимпија Љубљана, и тоа мора да се респектира.

Сето ова во таборот на Шкендија и тоа како добро го знаат, добро знаат дека ќе си имаат работа со квалитетен ривал, затоа и нема “расфрлање“ со изјавите.

Сепак Шкендија има тим, има моќ, има потенцијал да го елиминира тимот од Словенија.

Ибраими, Алими, Захов, Бејтулаи, Мурати…имаат заедно повеќе 30 натпревари во фудбалска Европа. Знаат што треба да сторат, знаат како треба да одиграат. Се чини најважно е вечерва тетовци да не примат гол, се посакува триумф без да се тресе мрежата на Захов. Освен Бруно Дита сите останати се на располагање на стратегот Ернест Ѓока, секако дека тука се верните фанови на Шкендија. Се е ставено во преден план само да се дојде до добар резултат пред реваншот во Словенија кој се игра за една недела.

Шкендија знаела во минатото пријатно да ги изненади домашните фудбалки фанови, па нека биде така и вечерва.

Во случај да се мине оваа пречка наречена Мура, тогаш вп 2.квалификациско коло ривал ќе биде победникот од двомечот меѓу Лудогорец и Шахтјор Солигорск.

Во случај пак да не успее, да биде елиминирана, тогаш тетовци се префрлуваат во Конференциската лига каде во 2.квалификациско коло ќе се сретне со поразениот од Малме и Рига.

ПретходноТФТ и Работнички во битка за Маслинко
СледноМеталург ја стави Европа во „мирување“