Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, нормално разочаран по поразот од Словенечка Мура на вечерашниот прв меч од првото квалификациско коло од Лигата на Шамионите. Резултаот 0:1, според него воопшто не е реален, затоа што Шкендија пропушти многу шанси.
„Кога ќе пропуштиш тплку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. Дали имаме шанси да се пласираме понатаму и покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол.
Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше мечот ние моравме да менуваме, стававме напаѓачи, го ослабевме нашиот среден ред, нашиот најсилен дел од тимот, но таквите ситуации, носат и вакви потези“ – изјави тренерот на Шкендија.