Димитар Бардаковски се пресели во Автокоманда

366

Металург денеска потпиша четиригодишен договор со младиот голман Димитар Бардаковски (19), кој доаѓа од Е. Пелистер и кој заедно со Давид Брестовац ќе формираат двојка на млади голмани.

Бардаковски минатата година го потпиша својот прв професионален договор со Е.Пелистер, но сега потребното искуство ќе го стекнува во дресот на Металург.

„Бардаковски е талентиран голман кој во Автокоманда ќе ја бара својата минутажа и својата шанса и со Давид Брестовац ќе формира дуо на млади голмани. Засега се знае дека помладиот Брестовац ќе тренира со првиот тим, но ќе брани во Металург РА“, се вели во известувањето на Металург. 

Металург, инаку, се уште е во потрага на поискусен голман, кој треба да го замени Даниел Ѓорѓески, кој, пак, реши својата кариера да ја продолжи во клуб од Унгарија.

Претходно, нов договор со Металург потпиша нашиот прв голман и капитен, Даниел Дупјачанец.

Димитар Бардаковски е петтото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров и по средниот бек Бобан Каковски.

ПретходноФирпо е замената за Алиоски во Лидс
СледноАуар одби да тренира со Лион