ЕУРО 2020: Кој во финале – непобедливите „Аѕури“ или енигматичните Шпанци?

402

Италија – Шпанија. Тоа е првото полуфинале кое ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот на „Вембли“ во Лондон. Финале пред финалето. Меч меѓу добро познати ривали кои се среќавале на големите турнири. Да потсетиме во финалето на ЕУРО 2012 Шпанија ја декласира Италија со 4:0, потоа Италијанците возвратија со победата од 2:0 во осминафиналето на ЕУРО 2016, а сега дуел на „Вембли“ за финале.

Италијанците доаѓаат со 13 победи во серија односно 32 меча без пораз (27 победи и пет порази). Момците на Роберто Манчини во четвртфиналето ја елиминираа Белгија, еден од фаворитите за трофејот. Сега на ред е Шпанија.

Шпанија на Луис Енрике е енигматична од почетокот па до полуфиналето. Стартуваа со ремија против Шведска и Полска, па ја демолираа Словачка со 5:0, потоа се измачија но ја совладаа Хрватска со 5:3 во продолженијата, а потоа преку пенал рулетот ја исфрлија и Швајцарија. Против Швајцарците, селекцијата на Енрике покажа слаба ефикасност, добра контрола и доминација, но слаба завршница. Се изнапромашија на тој меч, поточно го разбранија противничкиот голман.

Сега освен што треба да ја затегнат одбраната која не делуваше сигурно, треба да се сконцентрираат во завршницата на нападите.

„Шпанија е поинаква репрезентација од Белгија. Тоа е млада селекција и опасна. Имаат и добар тренер. Ќе биде тежок меч и ќе мораме да внимаваме“, посочи Манчини.

„Ќе биде интересно да се види кој ќе победи во овој жесток натпревар. Италија не само што има врвни фудбалери туку е одлично организиран тим. Напаѓаат и се бранат како единка, нешто слично како и нас. Исто така знаат да заиграат висок пресинг што не беше случај претходно. Манчини ги крена, тие ги уживаат овие моменти и ќе сакаат успех против нас. Мора да бидеме итри и сконцентрирани“, вели Енрике.

Италија ќе го нема Спинацола кој имаше тешка повреда на мечот со Белгија, а Шпанија веројатно ќе ја нема помошта од Сарабиа кој е повреден.

ПретходноЛ‘Екип: Рамос денес потпишува за ПСЖ
СледноМанчини: Ова не е фер од страна на Британците