Досегашниот играч на Академија Пандев и Македонски младински репрезентативец Марио Крстовски е нов член на тимот на Зрински.
Клубот денеска и официјално го промовираше напаѓачот кој стави параф на двегодишен договор.
Спортмедиа го најави трансферот уште пред неколку дена, со оглед на факто што Крстовски се одлучи да ја прифати понудата од Зрински и да се откаже од оние кои ги имаше за трансфер во Романија односно Србија.