Силјановски е нов играч на Динамо од Тирана

325

Македонскиот десен бек, Горан Силјановски е нов играч на албанскиот Динамо Тирана. Ова е негово второ искуство во Албанија откако претходно играше за Фљамуртари. Инаку тој е поранешен фудбалер на Работнички, Ренова, Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Тој е вториот македонски фудбалер кој за неколку денови му се приклучува на Динамо. Претходно тоа го направи левиот бек Александар Исаевски кој дојде од Влазнија Скадар, а претходно играше за Победа и Македонија Ѓорче Петров.

ПретходноКоларов, сепак, потпиша нов договор со Интер
СледноКербер со 10-тата победа по ред избори полуфинале на Вимблдон