ТФТ и Работнички во битка за Маслинко

493

Андреј Маслинко е на „слатки“ маки. 24-годишниот кошаркар по успешната рехабилитација на скочниот зглоб, причина поради која минатата сезона ја заврши уште во декември се враќа на терените.

За услугите на Маслинко се заинтересирани два клуба. На неговата адреса понуди испратиле ТФТ и Работнички, дознава СПОРТМЕДИА. Најтрофејниот кошаркарски колектив засега има проблем кога станува збор за македонските играчи, ретко кој се осмелува да се договори со „црвено-белите“.

Од друга страна пак ТФТ уште во првата година во прволигашкото друштво покажа дека е сериозен тим, со големи амбиции, па нема да биде чудо доколку успее да го потпише Андреј Маслинко.

ПретходноАуар одби да тренира со Лион
СледноШампионот сака победа без примен гол против Мура!