Шкендија по четврти пат во поход на нешто големо во квалификациите во Лигата на Шампионите!

240

Шкендија вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, против Мура, по четврти пат ќе го започне походот во квалификациите во Лигата на Шампионите. Тетовци по четврти пат ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите на најелитното клупско натпреварување во Европа.

Досега Шкендија одигра само 10 натпревари во тие три настапи и воопшто не може да се пофали со којзнае каков успех. Ако во квалификациите во Лигата на Европа дури трипати игра стигнуваше во плеј – офот, тогаш во Лигата на Шампионите има само три победи во 10 натпревари. Дали е време за нешто големо овојпат останува да се види.

Во 2011 година тетовци беа елиминирани уште на стартот од белградски Партизан.

Во 2018 година ги мина ТНС и Шериф Тираспол, но потоа наиде на пресилниот Ред Бул Салцбург, за да во 2019 година шокантно загуби во двомечот од Номе Калју.

Значи како што рековме три победи, едно реми и шест порази.

Инаку вкупно кога сме кај настапите во Европа, Шкендија досега во својата клупска историја, а играла само во изминатата деценија, од 2011 година па наваму, досега има 39 мечеви. На сите нив има 14 победи, седум ремија и 18 порази.

Значи вечерва нашиот шампион ќе оди по 15-тата евро победа во својот 40-ти настап во фудбалска Европа.

Сосема за крај да споменеме дека Шкендија во изминатите 39 мечеви покрај другите имала дуели со Партизан, Аберди, Гент,

Милан, Шериф Тираспол, Ред Бул Салцбург, Розенборг, Тотенхем со Мурињо.

ПретходноАурелио де Лаурентис: Инсиње во лице да ми каже дека не е повеќе член на Наполи
СледноБарселона ја намалува цената на Кутињо