Ја напушти Барселона за да замине во Реал Мадрид

248

Трансферите од Барселона во Реал Мадрид и обратно, не се секојдневни, па дури и кога станува збор за кошарката. Меѓутоа веста на денот од кошаркарски аспект доаѓа од Шпанија.

Адам Ханга ја напушти Барселона, и како слободен играч се сели во Реал Мадрид, објавија медиумите во Шпанија.

Репрезентативецот на Унгарија веројатно се договорил со „кралевите“. Тој ја напушта Барса после четири години, а во минатото играше за Манреса и Басконија.

ПретходноБразил во финалето на Копа Америка! Магија на Нејмар и гол на Пакета (ВИДЕО)
СледноБарселона закажа натпревар во окупираниот дел од Ерусалим, реакција од Палестина: „Да размислат за ова…“