Бонучи: Ова ми е најтешката и најслатката победа во кариерата

200

Дефанзивецот на италијанската фудбалска репрезентација, Леонардо Бонучи, призна дека пресметката со Шпанија во полуфиналето на Еуро 2020 беше најтешката во неговата кариера. „Аѕурите“ по изведувањето на пеналите успеаја да дојдат до победа и да се пласираат во финалето.

„Ова е најтешкиот натпревар што некогаш сум го одиграл. И честитам на Шпанија за целиот перформанс, но уште еднаш Италија покажа срце, решеност и способност да се справи во тешки моменти. Конечно, победи среќата. Кога победувате на толку тежок натпревар, тоа е секогаш најслатко“, призна Бонучи.

ПретходноЛуис Енрике: Не жалам за ништо, ќе навивам за Италија во финалето
СледноЕуро 2020: Само Германија има подобра историја на финални настапи од Италија