Хави Мартинез е нов играч на Катар СК

397

Поранешниот дефанзивец на Атлетик Билбао и на Баерн Минхен, Хави Мартинез замина во освојување на катарскиот шампионат. Шпанецот чиј договор со Баерн истече ова лето, стави потпис на договор со Катар Спорт клуб.

Се работи за осумкратен шампион на Катар, а последната титула ја освои во сезоната 2002/03. Mинатата сезона ја заврши на шестото место во првенството.

Тој е третиот шпански играч во Катар СК по Кристијан Себаљос, некогашниот играч на младинскиот тим на Барселона и потоа и фудбалер на Тотенхем, Чарлтон и Сен Тројден и дефанзивецот Алехандро Галвез, поранешен фудбалер на Рајо Ваљекано, Еибар и Вердер.

 

ПретходноЕУРО 2020: Данска добро се држи – ќе се играат продолженија на „Вембли“
СледноСтерлинг паѓа, Макели покажа пенал, Кејн погоди од белата точка (видео)