Англија ja елиминира Данска и првпат ќе игра финале на ЕП!

265

Репрезентацијата на Англија се пласира во финалето на Европското првенство откако вечерва по 120 минути игра ја совлада Данска со 2:1. Во регуларниот дел на мечот беше 1:1, прво отворија Данците со гол од слободен удар на Дамсгард, но девет минути подоцна изедначи Стерлинг или поточно Агер малку ја закачи топката за таа да заврши во мрежата.

По 90 минути немаше победник, па се прејде кон продолженија. Во 103. минута Рахим Стерлинг се обиде да помине покрај двајца дански дефанзивци и паѓа во шеснаесетникот, а судијата Дани Макели покажа пенал. По консултација со колегите од ВАР собара одлучи да покаже на белата точка затоа што оцениле дека имало фаул врз англискиот напаѓач.

Стерлинг паѓа, Макели покажа пенал, Кејн погоди од белата точка (видео)

Шмајхел му го одбрани ударот на Хари Кејн, но одбиената топка англискиот голгетер ја испрати во мрежата. Данците немаа сили да возвратат, па така Англичаните одат во финале, своето прво на ЕП во историјата.
Борба за пехарот ќе бијат со Италија и тоа на 11 јули на „Вембли“ во Лондон.

ПретходноСтерлинг паѓа, Макели покажа пенал, Кејн погоди од белата точка (видео)
СледноМајкл Овен: Кому му е гајле дали имаше пенал или не!