Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој претходно работеше во Евертон, го контактирал бразилскиот напаѓач Ришарлисон, за да му понуди трансфер во неговиот нов тим.
Според информацијата која е објавена утринава,Евертон сè уште не добил официјална понуда за Бразилецот од екипата на Реал Мадрид. Во моментов, 24-годишниот напаѓач игра за репрезентацијата на Бразил на Копа Америка 2021.
Ришарлисон дојде во Евертон во 2018 година, а оттогаш има 42 гола на 119 настапи. Цената на фудбалерот е проценета на 55 милиони евра.










