Англија на „Вембли“ ја елиминираше Данска во полуфиналето на ЕУРО, откако славеше со 2-1. По регуларниот дел беше 1-1, а во 104. минута од мечот, Кејн од белата точка и донесе водство на својата репрезентација, поточно ја лансираше во финалето.
Многумина сметаат дека холандскиот судија Макеле донел неправилна одлука, а „Газета дело Спорт“ излезе со тврдење дека УЕФА на овој начин му се зблагодарила на Борис Џонсон за стопирање на Суперлигата.
„Англија во финале по политичкиот ветар“, пишува Газета.
„Многу великодушно досудениот пенал му овозможи на тимот на Саутгејт да ја елиминира Данска и ги потврди сомнежите за враќање на услугата на Борис Џонсон кој се смета за спасител на европскиот фудбал по нападот на Суперлигата“, е дел од текстот на овој реномиран спортски весник.
Во мај, фудбалскиот свет го потресе веста дека најбогатите европски клубови сакаат да формираат Суперлига, во која требаше да учествуваат пет англиски клуба: Арсенал, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Џонсон беше еден од најжестоките критичари на Суперлигата и најави дека ќе стори да ја сопре оваа лига. На крајот по неговото ветување истата кратко траеше, само два дена, а англиските тимови веднаш се откажаа.