Англиски Вест Хем го продаде бразилскиот играч за врска Фелипе Андерсон во Лацио за 3 милиони евра. Практично, Бразилецот с еврати во клубот каде ги постигна и најдобрите свои настапи за време на престојот во Европа.
„Чеканите“ исто така ќе добијат 50% од идната продажба на играчот.
Според изворот, италијанскиот клуб потпишал договор со 28-годишниот фудбалер до 2025 година. Платата на повратникот во Лацио ќе биде 2,5 милиони евра годишно.
Последната сезона играчот за врска ја помина на позајмица во португалски Порто. Тој се пресели во Вест Хем од Лацио во 2018 година, откако пет сезони беше на „Олимпико“.