Силекс на гости ќе „брка“ елиминација на Петрокуб (ВИДЕО)

295

Тимот на Силекс одигра 1:1 рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига во дуелот со молдавски Петрокуб. Иако домашните дојдоа во водство на самиот старт од мечот, сепак, не успеаа да издржат и до полувреме примија гол. Имаа свои моменти но реално ги имаше и противникот, па ремито од 1:1 е реален исход на овој меч. Останува тимот на Силекс на реваншот во Молдавија да „брка“ елиминација на противникот и минување во следната фаза.

Водство уште на стартот

За тимот на Силекс овој меч стартуваше одлично. Акцијата од десно, ниско по земја ја одведе топката кај Додевски кој со одмерен удар по земја пласираше во левиот голманов агол. Она што го посакуваше домаќинот тоа и го оствари. Потоа се повлече и чекаше простор за контра напад.

Противникот пак, очигледно решен веднаш да се врати во игра резултатски, тргна да израмнува и имаше неколку ситуациии. Платица преку себе во 19.минута со глава го погоди дирекот од голот на Божиновски,  а Јосипои во 21. минута го истестира Божиновски.

Многу нешта ќе беа поинакви ако Мустафов со својот удар погодеше во мрежата на противникот, но наместо тоа, тој само го погоди дирекот.

Наместо двојно водство, Силекс прими гол, наивен по малку и во многу незгоден момент, во последната минута од првиот дел.

Платица изрманува за гостите

По една мешаница во домашниот шеснаесетник, Платица искористи лоша реакција на одбраната, шутираше над Божиновски и израмни на 1:1.

Божиновски го „откажа“ Платица

Во второто полувреме тимот на Петрокуб, доминираше и создаде грст шанси. Предничеше Платица кој имаше две стопостотни шанси, но Божиновски и во двата случаји беше поуспешен.

Алексовски промаши водство

Пред самиот крај на натпреварот Алексовски за Силекс ја имаше шансата но не ја искористи. Одлично беше проигран на петерецот, но од добра ситуација со глава биеше над голот.

Силекс (МКД) – Петрокуб (МОЛ) 1:1 (1:1)

Комплек ФФМ. Гледачи: 200. Главен судија: Џенкинс Помошници: Брајан, Дејвис (сите од Велс).
Стрелци: Додевски 4(С) Платица 45 (П).
Ж.картони: Дуков, Алексовски, Митревски, Митрев, Божиновски (С) Јадран Амброс (П)

Силекс: Божиновски, Рајков, Стојчевски, Каланоски (Серафимовски 46), Дуко в, Алеексовски, Алији, Додевски (Манасиевски 57), Мустафов (Митревски 57), Димоски

Петрокуб: Меира, Санде (Богачиуц  46), Амброс, Платица, Платица, Доунала (Дејан 68) Ефрос, Ревенцо, Јардан, Јосипои (Турчан 46, Котогои)

Претходно24 одбојкари на списокот на селекторот Николиќ за ЕП 2021
СледноРаботнички загуби нова битка за македонски кошаркар