Шкупи слави – се „смешка“ 2. коло од Лигата на Конференции (ФОТОГАЛЕРИЈА)

2269

Шкупи е единствениот македонски тим кој триумфираше во првите натпревари од европските квалификации летово.

После поразот на Шкендија и „ремијата“ на Силекс и на Струга, Шкупи вечерва на свој терен го совлада составот на Лапи од Косово со 2:0.

Со оглед на случувањата на теренот, оваа предност треба да биде доволна а пласман во следната фаза од Лигата на Конференции. Шкупи слави, а Седлоски предупредува. Мора да се застане цврсто на земја. Резултатот е добар, ама и достижен. Затоа само цврсто на земја и на реваншот.

Треба да се напомене дека Шкупи ја имаше и „помошта“ од публиката, која дојде во солиден број да ги бодри своите миленици.

ПретходноСимоновски погоди за Дрита, Велкоски промаши пенал за Сараево
СледноМурињо „пречкрта“ неколку звучни имиња од подготовките