Захариевски: Многу тежок меч, резултатот е реален

438

И Струга Трим Лум одигра без победник на првата пресметка против Лиепаја во рамките на 1. квалификациско коло во Конференциската лига. Но, за разлика од Силекс, стружани реваншот го играат на домашен терен, што пак ќе биде дополнителен мотив за чекор напред во ова натпреварување и секако голем успех за клубот.

„Многу тежок натпревар со еден навистина квалитетен противник. Резултатот беше реален, за нијанса ги поделивме полувремињата. Тие беа подобри во првиот дел, ние во вторите 45. минути. Сепак не очекува реванш. се надевам дека ќе бидеме посреќниот тим и ќе ја елиминираме Лиепаја“, порача по мечот стратегот на стружани, Срѓан Захариевски.

ПретходноМихајлов: Мислам дека не разочаравме, имаме уште 90. минути, нема предавање!
СледноПешиќ: Вардар 1961 ќе го победиме во Скопје