Еден од најдобрите играчи на Милан во изминатата сезона, Франк Кеси има договор со „росонерите“ до 2022 година, меѓутоа не сака да потпише нов договор затоа што има подобри и поинтересни понуди од други клубови.
Милан сака да го задржи миленикот на навивачите, меѓутоа моментално има голема разлика помеѓу тоа што Кеси го очекува од новиот договор (шест милиони евра по сезона) и она што Милан го нуди (четири милиони евра по сезона плус бонуси).
Ситуацијата ја следат Интер, Јувентус и Тотенхем. Кеси е репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, а во Милан дојде во 2017 година од редовите на Аталанта, прво како позајмен, а потоа „росонерите“ го откупија неговиот договор.