Се огласи и сега веќе екс селекторот на одбојкарската репрезенатција на Македонија, Никола Матијашевиќ. Тој отворено зборуваше за неговиот отказ.
Соопшти дека бил сменет од докторот и еден играч, а дека претседателот преку СМС порака му посочувал кого да става во игра. Тој истакна дека дознал од „Фејсбук“ дека е сменет.
„На Фејсбук страницата на федерацијата прочитав дека сум сменет. Притоа никој не ме информираше и не ми ја објасни причината за ова. Тешко ми е што до денес немам добиено покана ниту од Претседателот Петар, ниту од потпретседателот Чајка, а ние бевме во добри односи и во постојана комуникација.
Тажен сум и огорчен што ме отпуштија, од повеќе причини. Прво се пласиравме на Европското првенство, победувајќи ја Турција во решавачкиот натпревар, Турција во моментов е светска репрезентација. Да се пласираш со репрезентација на ЕП, а да не одиш многу боли. Очекував поголема почит од федерација за резултатите, затоа што за прв пат во историјата ја однесов Македонија на ЕП, а сега и по втор пат по ред.
Не сакав да давам изјави за печатот до денес, бидејќи сакав да размислам добро пред да дадам изјава. Размислив добро, се консултирав со најблиските и решив да кажам се што ми лежи на срце, без филтри. Работите сега се јасни, нов селектор е мојот поранешен асистент Душко Николиќ.
Таа ситуација со Душко Николиќ многу боли: Момче од Лучани, од градот во кој порасна татко ми, човекот на кој му помогнав да дојде во Чомон, еден од најголемите француски клубови. Во моите очи, пријател на кој верував и од кого очекував лојалност. Затоа го поканив да ми биде асистент во Македонија. Тој очигледно имаше и други цели од моментот кога се појавија компликациите и кога почувствува можност да стане селектор.
Во мај, за време на подготовките за Европската лига, веќе имаше обид да ме сменат од страна на репрезентативниот доктор Петровски и Филип Деспотовски. Филип беше незадоволен што не го поканив да дојде во ПАОК каде бев тренер оваа година. Очигледно, од тој момент, тој реши да се одмазди и започна да лобира за подготовките. Тогаш започнаа да го разбиваат тимот. Тогаш докторот и Деспотовски повикаа неколку играчи да добијат поддршка да ме заменат и да го назначат Николиќ.
Тие тогаш не успеаја, но Федерација не реагираше кога побарав да се замени лекарот. Со овој потег, Федерацијата ми го одзеде авторитетот над тимот и остави простор за неединство во тимот. Загубивме во Струмица во финалето од Европската лига, што им даде на „разбивачите“ и на Карановиќ дополнителен аргумент да ме заменат.
Мојот заклучок е дека Николиќ веќе соработуваше со луѓе кои се бореа да ме заменат во мај, а тој мене ми говореше дека е неверојатно дека некој воопшто размислува во таа насока, бидејќи имаме одлични резултати. Мене многу ме повреди фактот што не успеавме да останеме во тимот, туку испукавме внатре, поради некои лични интереси на Деспотовски, Николиќ и д-р Петровски.
Цел живот го гледав интересот на тимот, но стана тешко да се работи затоа што претседателот Перо Јовановски често велеше кој треба да игра. Јас ги отфрлив неговите идеи и го водев онака како што мислев дека треба. Јовановски често ми кажуваше дека Деспотовски мора да игра повеќе, во последно време многу се меша во работата. Кулминацијата се случи за време на решавачкиот натпревар со Турција, кога тој му испрати СМС на докторот да пренесе дека Деспотовски треба да биде вклучен во играта, што секако не го сторив и го добивме мечот со кој се пласираше на Европското првенство.
Во врска со постапките на Душко Николиќ и неговото деби како Главен тренер на Европско првенство: Ова никогаш не ми се случило за 30 години работа во странство. Јас го доживеав тоа сега од пријател од Србија … Кој е и претседател на здружението за тренери во Србија.
На крајот, би рекол дека имав многу убави моменти со Македонија, одев во битки со одлични момци кои се борат за грбот и даваат 150% за својата репрезентација. Работата и победата со нив беше голема чест и убава искуство. Но, за жал, доживеав еден многу грд крај што не го очекував или заслужував. Чувствувам голема тага и горчина, навистина ми е тешко да не бидам со мојот тим што го пласирав на Европското првенство.
Искрено им посакувам се најдобро на играчите и посакувам многу успех на Македонија на Европските и сите идни шампионати! Чест ми беше да ве водам овие 3 години!“