Мециновиќ за евро-дебито на Струга ТЛ: Да ги искористиме слабостите на Лиепаја

304

Денеска од 16 часот на стадионот Даугава во Лиепаја (Летонија), нашиот тим Струга Трим Лум за првпат во својата историја ќе одигра официјален европски натпревар. Стружани ќе го имаат своето евро – деби и тоа во рамките на 1.квалификациско коло во Конференциската лига.

Противник е Лиепаја, клуб кој само една година е постар од Струга ТЛ, основан во 2014 година. Досега имаше неколку настапи во Европа, па можеби и затоа ја има фаворитската улога на хартија. Момците на стратегот Срѓан Захариевски едвај чекаат да почне  натпреварот, одат на победа, но нема да бидат разочарани ако остварат резултат кој во реваншот во Скопје за една недела ќе им даде шанса за севкупна победа и пласман во следната рунда.

Јасмин Мециновиќ е столбот на одбраната на Струга Трим Лум, за разлика од некои други играчи на нашиот евро претставник, тој има искуство од играње на вакви натпревари.

За Спортемедиа на неколку часа пред да започне мечот, стоперот на Струга Трим Лум истакна…

„Вчера го одработивме тренингот и се запознавме со условите на стадионот. Максимално сме подготвени за овој историски натпревар за нашиот клуб. Добро го анализиравме противникот, се работи за многу организиран клуб и квалитетен тим. Сепак ние ги знаеме неговите слаби страни и ќе се обидеме да ги искористиме  на денешниот натпревар“ заврши Мециновиќ.

ПретходноНов „Џекпот Турнир“ на 2WIN.MK од 08.07.2021 до 28.08.2021
СледноНа 40 години ја прекина пензијата и потпиша договор со клуб од Бахреин