Михајлов: Мислам дека не разочаравме, имаме уште 90. минути, нема предавање!

337

Силекс одигра против Петрокуб без победник во рамките на првото коло од Конференциската лига. Македонскиот тим рано поведе, но пред крајот на првото полувреме прими гол.

Тренерот на тимот од Кратово, Горазд Михајлов нема замерки за своите фудбалери. Во едни пеколни температури, со променет состав против тим кој долго време има заедно, има резултат кој дава надеж за подолго еврпско лето.

„Честитки за играчите на Силекс за прикажаната игра, тешки услови за играње, јас не можам да си дојдам на себе од топлото. Но, беше тешко како за нив, така и за нас. Очекувавме тежок натпревар, од тоа што се плашевме се случи, така го примивме голот. Успеавме да ги изненадиме со брзо-рано водство. Доколку повеќе сконцентирани во таа 45+ минута од првото полувреме резултатот можеше да биде позитивен.

Момци по првото полувреме беа паднати, се обидов се некои измени и совети да ги подигнам. Во второто полувреме немаа некоја изгледна шанса како во првото, но да не заборавиме и ние претходно имавме шанса да ја решиме ситуацијата. Сепак се работи за една квалитетна екипа која 90. минути работи, што се вика „меле“, изјави на прес-конференцијата по мечот тренерот на Силекс.

Нови 90. минути се пред Силекс, ова е шанса за фудбалерите да покажат дека играта и раното водство не се случјани.

„Ние се обидовме да дадеме достоен отпор, мислам дека не разочаравме, ни претстојат уште 90. минути во Молдавија. Имаме активен резултат со новото правило гол на гости, евентуално победа таму не носи понатаму. Важно е да не се загуби ваков меч, знаете каква е ситуацијата во Силекс после минатата сезона. Ова се момци кои трет натпревар играат заедно, а Петрокуп играат четири години заедно. Јас сум задоволен од прикажаното и од резултатот. 

Шансите секогаш постојат, да ми кажеше некој дека во четврта минута ќе постигнеме гол ќе потпишев со двете раце имајќи го во предвид тоа за каква екипа станува збор. Минатата сезона примиле 16 гола на 36 натпревари, одиме со ладни глави, можеме да добиеме, не да изгубиме“, додаде Михајлов.

ПретходноРаботнички загуби нова битка за македонски кошаркар
СледноЗахариевски: Многу тежок меч, резултатот е реален