Младинците посилни од Бугарија

192
0

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го запиша вториот триумф на турнирот во Скопје. Пред избраниците на Тони Симиќ „падна“ Бугарија која беше совладана со 81-70. Ова беше последен натпревар, нашите момци подготвителниот турнир го завршија со две победи и два порази.

Одлично прво полувреме одиграа нашите млади кошаркари во дуелот со екипата на Бугарија, го крунисаа со убедливо водство (46:25) и ја најавија втората победа во периодот од подготовките за настап на ФИБА „Челенџер“ турнирот во унгарскиот Шопрон.

По доминацијата во првите 30. минути, Бугарија намали на (65:76) и на (70:79), но немаше сили за пресврт.

И на оваа средба Симиќ имаше на располагање 14. кошаркари на кои селекторот им даде одредена минутажа на оваа успешна проверка.

ПретходноПешиќ: Вардар 1961 ќе го победиме во Скопје
СледноПоповиќ од Автокоманда во Романија