Мурињо: Не сакате да го чуете моето мислење за пеналот

856

Не престануваат реакциите по елиминацијата на Данска од Англија на овогодинешното ЕУРО, синоќа во рамките од полуфиналето одиграно на Вембри во Лондон.

Англичаните победија со 2:1, и тоа со доста контроверзен пенал досуден во продолженијата. Целито свет критикува, „врие“, ја фаќа страната на Данците и смета дека се брутално оштетени, односно украдени за финале.

Свое мислење даде и сега веќе тренерот на тимот на Рома, Жозе Мурињо кој смета дека пенал не смеело да биде досуден.

„Да, одчичен меч, но не сум сигурен дека сакате да го слушнете моето мислење околу пеналот. Ќе ви го искоментирам она што јас го видов. А видов дека пенал не беше. Анфлија беше подобра и победи, заслужено и тоа. Англија играше фантастично, но пенал немаше“ – изјави Мурињо па додаде.

„Повторувам, Англија беше подобра, а Данска играше онака како што очекував. Одигра до максиумот на своите можности. Сепак, повторно ќе се навратам на спорната ситуација. Пенал немаше. Не ја разбирам таквата одлука на судиите во полуфинале на ЕУРО. Уште помалку ја разбирам потврдата на одлуката од страна на ВАР. Тоа никако не може да е пенал“ – додаде „Специјалниот“.

 

ПретходноИсторијата на страна на Италија: Англија никогаш не ги победила „аѕурите“ на ЕП
СледноСерхио Рамос официјално претставен во ПСЖ