На 40 години ја прекина пензијата и потпиша договор со клуб од Бахреин

604

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на белорускиот фудбал, Александар Хлеб, по една година откако објави дека ќе се пензионира, изненадувачки се врати во фудбалот.

40-годишниот белоруски офанзивен играч за врска, вчера се договорил со екипата на Ал Халидија од Бахреин, каде ќе настапува во новата натпреварувачка сезона. Екс-репрезентативецот на Белорусија кој има 80 настапи во националниот тим, последен пат играше за белоруски Ислох во 2019 година, по што објави пензионирање.

ПретходноМециновиќ за евро-дебито на Струга ТЛ: Да ги искористиме слабостите на Лиепаја
СледноИсторијата на страна на Италија: Англија никогаш не ги победила „аѕурите“ на ЕП