Некогашната надеж на Арсенал го смени клубот во Мексико

427

Се сеќавате на Џоел Кемпбел? Се работи за крилниот напаѓач кој за Арсенал дебитираше во 2011 година и остави добар впечаток. Сметаа дека има потенцијал да биде главен играч кај „топчиите“ но како одминуваше времето се покажа дека тоа не е така.

По пристигнувањето на „Емирати“ поради проблеми со работната дозвола, Кемпбел беше позајмнуван во Лориен, па во Бетис, па Олимпијакос, за конечно пред почетокот на сезоната 2014/15 Арсен Венгер да го стави на списокот на играчи за таа сезона. Меѓутоа набргу падна во сенка на тогашните играчи Санчез, Подолски, па Окслејд-Чембрлејн, па мораше на нова позајмица.

Отиде во Виљареал, па Спортинг Лисабон, па уште еднаш во Бетис, па во италијанскиот Фросиноне, па реши да ја напушти Европа и да отиде во Америка. Играше прво за Леон од Мексико, а сега направи трансфер во друг мексикански клуб – Монтереј.

Монтереј е петкратен мексикански шампион и трикратен освојувач на Купот. За Кемпбел ова е 11-ти различен клуб во кариерата. Можеби ќе се снајде и ќе остане подолго време.

Инаку Кемпбел е репрезентативец на Костарика, беше дел од селекцијата на СП 2014 и на СП 2018. Играше и на Голд Купот 2017, како и на Копа Америка 2011.

 

 

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Маркоски за предност на Шкупи во дуелот со Лапи
СледноМатијашевиќ: Од „Фејсбук“ дознав за смената, претседателот преку СМС ми кажуваше кого да ставам!