Како што најавуваат Италијанските медиуми, нов играч на тимот на Милан е Оливие Жиру. Репрезентативецот на Франција, го менува Челзи за Милан во обид да има поголема минутажа и да биде избор број еден во нападот.
Жиру е во Челзи од 2018 година, а претходно играше за Арсенал. Во Милан доаѓа, откако очигледно клубот се откажа од носењето на Един Џеко кој исто така се споменуваше како реална опција.