ОФИЦИЈАЛНО: Черчесов не е повеќе селектор на Русија

219

Она што се очекуваше сега доби и потврда. Станислав Черчесов е тргнат од селекторската функција на руската фудбалска репрезентација по катастрофалното издание на Европското првенство 2020.

Черчесов по неуспехот на ЕП не сакаше сам да поднесе оставка, па челниците на Фудбалската федерација решаваа за неговата судбина. По анализата одлучено е Черчесов да замине. Според руските медиуми, од Федерацијата побарале Черчесов да си поднесе оставка, а тој се согласил на тоа. Исто така е договорено селекторот да не ги добие преостанатите пари од договорот со важност до 30 декември 2022 година. Инаку Черчесов како селектор на Русија заработуваше по 2,5 милиони евра годишно.

Тој си оди со скромен ефект: 24 победи, 13 ремија и 20 порази, што во проценти тоа е усшеност од 42 посто што е премалку.

 

ПретходноДарко Стојанов и официјално нов член на Вардар
СледноСлаве Маркоски од Охрид прејде во Тиквеш