Доколку нема проблем со исплатата на гаранцијата која ЕХФ ја бара (еден милион евра на две рати), Вардар 1961 на првиот домашен меч ќе го пречека Мешков Брест. Белорускиот тим и македонскиот состав имаат долга традиција на пресметки, во Скопје ќе го одиграат второто коло од новата сезона во Лигата на шампиони.
Септември е далеку, но дел од екипите и играчите веќе имаат направено свои математики. Вардар 1961 е во групата А, заедно со Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.
Од Брест доаѓаат најави за целосна доминација против Вардар 1961 во новата пресметка, а во ова верува Иван Пешиќ, голманот на Белорусите.
„Би можеле да бидеме први или втори, но мора да ја поправиме играта во некои сегменти. Добри сме на домашен терен, но на гости не играме исто. А има неколку екипи што можеме да ги победиме на гости. Тука е Вардар, тука е ППД Загреб и други..“, изјави Пешиќ.