Што и светот да мисли околу досудениот пенал за Англија вчера во полуфиналето на ЕУРО против Данска, и подоцнежниот пласман во финалето, едно е сигурно. Англија ќе игра во завршниот меч против Италија, и ќе има можност да го освои трофејот.
На Англичаните малку им значат сите поплаки околу досудениот пенал во продолженијата, а најмалку очигледно на ниовниот селектор Герет Саутгејт.
„Горд сум играчите. Да се биде дел од ова е неверојатно. Навивачите се неверојатни. Ова е за нашата татковина. Никогаш не сум чул Вембли вака да звучи. Посебно е чувството што ова може да го споделиме со сите. Знаев дека ќе успееме и дека мора да извојуваме многу битки на теренот. Данска е многу потценет тим, ни направи огромни проблеми. Долго време чекавме да дојдеме до финале, и без разлика што сите имаме огромно интернационално искуство, ова е огромен успех“ – изјави Саутгејт.