Седлоски: Заслужена победа, но ништо не е готово, стоиме цврсто на земја

389

Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи, по натпреварот и победата над Лапи, кажа дека ова е само прв натпревар, и дека неговиот тим треба да стои цврсто на земја. Седлоски истакна дека неговиот тим можел и подобро, и дека во Приштина очекува уште подобра игра.

 

„Пред мечот кажав дека не очекува тежок меч. Да им честитам на играчите на Лапи за фер и коректната игра. Заслужено победивме, но ова е само прв меч. Цврсто стоиме на земја, сконцентрирани, посветени, не чека тешко гостување, ама имаме доволно време да се подготвиме. Она што го барав од играчите, го исполнија, влеговлме со грч, а потоа се опуштивме. Сметам дека победата е заслужена“, рече Седлоски кој на прашањето дали можеше и подобро, одговори.

„Секако дека можеше подобро. Но, Лапи не е слаб тим. Тие се квалитетни. Ние можеме да одиграме подобро затоа што знам како тренираме. Ова е нов тим, кој е заедно 2-3 недели. Но, нема оправдување. Кога излегуваш на терен мора да бидеш најдобар. На реваншот ќе ги исправиме грешките“.

ПретходноТренерот на Лапи: Шкупи победи со две шанси, оваа негатива е достижна
СледноСимоновски погоди за Дрита, Велкоски промаши пенал за Сараево