Симоновски погоди за Дрита, Велкоски промаши пенал за Сараево

428

Неколку наши фудбалери денеска имаа свој придонес во Лигата на Конференции.

Така најголемиот го имаше Марко Симоновски кој со неговиот гол донесе победа на Дрита над Дечич со 2:1. Симоновски го даде вториот гол за Дрита.

Сараево, пак, не успеа да го совлада тимот на Милсами на гости, и одигра без голови. Крсте Велкоски во првиот дел не реализираше удар од белата точка за гостите.

Филип Глигоров и Егзон Белица играа за Партизани во победата од 5:2 над Сф. Георге од Молдавија.

Енис Фазлагиќ играше за Жилина во победата над Дила Гори од 5:1, а Дарко Мицевски со неговиот РФС беше изненаден од Клаксвик од Фарски Острови со 2:3. Зени Хусмани играше за Домжале во победата од 1:0 над Хесперанж од Луксембург.

ПретходноСедлоски: Заслужена победа, но ништо не е готово, стоиме цврсто на земја
СледноШкупи слави – се „смешка“ 2. коло од Лигата на Конференции (ФОТОГАЛЕРИЈА)