Струга Трим Лум со поволен резултат 1:1 се враќа од гостувањето во Летонија кај Лиепаја. Стружани примија гол во 31. минута, но потоа на израмнување чекаа до судиското надополнување од вториот дел.
Додо беше „кобен“ за стружани, кои имаа една шанса на стартот, а во вториот дел имаа уште 2-3 добри позиции за да го загрозат домашниот гол. Ѓуриќ на неколку пати спасуваше и поубедлив пораз, а потоа Бесир Исени со глава донесе „реми“ за стружани.
ЦАКЕ УТНА „ЗИЦЕР“, А ПОТОА ДОДО НЕ ПРОМАШИ ЗА ДОМАШНИТЕ
Добар почеток на Струга Трим Лум и прва закана преку Цаке. Се најде на 6-7 метри од голот, но и голманот одбрани среќно, а одбраната ја изби топката во поле.
Од тогаш па до крајот на полувремето, шансите во корист на Лиеапаја. Најпрво Миросављев промаши зицер во 15. минута. Излезе сам пред голот, но шутираше во гол-аут.
Следуваше и една навидум безопасна акција, центаршут од десната страна на Лиеапаја, а таму Додо оставен сам на вториот дирек со глава го совлада Ѓуриќ.
ЃУРИЌ СПАСУВАШЕ, СТРУГА Т.Л. ВО ФИНИШОТ ГО НАЈДЕ ПАТОТ ДО МРЕЖАТА
Две шанси за Лиеапаја во вториот дел, но Ѓуриќ во два навради успеа да спаси сигурни два гола. Струга Трим Лум во финишот по два слободни удари и еден корнер, успеа со голот на Исени да дојде до „реми“ кое му гарантира надеж за пласман во 2. Коло од Лигата на Конференции. Нафрлена топка, а Исени со глава ја смести топката во голот, за големо „реми“ на дебито на Струга Т.Л. во Европа.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ЛИЕАПАЈА – СТРУГА Т.Л. 1:1 (1:0)
Стадион: Даугава во Лиеапаја.
Судија: Виктор Шимусик од Белорусија.
Стрелци: Додо 31’ (Л) – Исени 93’ (С)
Ж. Картони: Ефионг (Л) – Рамадани (С).
ЛИЕАПАЈА: Зведрис, Карлинш, Симиќ, Исајевс, Жулевс, Биарозкин, Ткачук, Ефионг (63’ Тиденбергс), Додо, Миросављев (89’ Икауниекс), Гордиечук (62’ Кеига).
СТРУГА Т.Л.: Ѓуриќ, Рамадани (46’ Галевски), Мециновиќ, Исени, Цаке, Бојку, Босанчиќ, Салиу (60’ Таири), Јахја (46’ Кочоски), Скендери, Шабани.