Супер момче Македонче – Ивановски стигна до осминафиналето на Вимблдон!

3380

Историски ден за македонскиот тенис!

Македонската тениска надеж Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на јуниорското издание на Вимблдон откако го совлада литванскиот тенисер Едас Бутвилас со 2-0 во сетови.

Ова е неверојатен подвиг на 17-годишниот Ивановски кој влезе како аутсајдер и успеа да помине две препреки на престижниот Грен слем турнир.

Првиот сет кој траеше час и половина Калин го доби во тај-брејкот со 7:6, а и вториот сет беше интересен и неизвесен, двајцата тенисери беа блиску, но на крајот македонскиот тенисер беше повешт и умешен за да го приврши во своја корист. Тај брејкот го реши и вториот сет, а и овој пат како победник излезе македонскиот тенисер (8-6). Со тоа успеа да го добие и мечот.

Ивановски беше подобар во речиси сите сегменти за разлика од противникот: повеќе асови, одличен процент на успешност при првиот сервис, поголема успешност и во вториот сервис. Добро одигра на мрежа со 76% на успешност, а имаше убедливо повеќе „винери“ (34-12).

Да потсетиме дека во претходното коло македонскиот талент го елиминира Дејли Бланш од Соединетите Американски Држави. Калин играше и во двојки но во тандем со Пољичак од Хрватска изагубија од Ринкон-Шелбај уште во првото коло.

Во наредната рунда Ивановски ќе игра со подобриот од Бразилецот Луреиро и Британецот Пинингтон Џонс.

Ивановски досега има два трофеја во сингл, лани триумфираше во Софија, а оваа година во германски Оберпулендорф.

ПретходноУЕФА отвори дисциплинска постапка против Англичаните
СледноДарко Стојанов и официјално нов член на Вардар