УЕФА отвори дисциплинска постапка против Англичаните

741

Бурни се реакциите по одигрувањето на полуфиналниот меч меѓу Данска и Англија кој им припадна на Англичаните со 2:1 и тоа по сомнителниот пенал во првото продолжение од натпреварот. Како што знете на теренот имаше две топки во моментот кога Стерлинг покренуваше акција, а потоа влезе во шеснаесетникот и падна по што судијата и ВАР помошниците оценија дека е пенал во дуел со противничките играчи.

Но не беа само тие спорни моменти. УЕФА покрена истрага против Англичаните поради тоа што на данскиот голман Каспер Шмајхел му сметале со ласер во очите.

На телевизискиот пренос се гледа моментот кога некој од трибините со ласер му попречува на Шмајхел при ударот од 11 метри на Хари Кејн. Шмајхел одбрани, но одбиената топка Кејн ја смести во голот за победа.

УЕФА ќе ги казни Англичаните но само парично. Победата и пласманот во финалето си останува.

ПретходноСилекс пред нов Европски предизвик
СледноСупер момче Македонче – Ивановски стигна до осминафиналето на Вимблдон!