Федерер: Многу сум уморен, сега сакам да дремнам

439

20-кратниот Грен слем шампион, Роџер Федерер, вчера ги заврши настапите на Вимблдон откако изненадувачки во три сета беше поразен во четврфиналето од Хуберт Хуркач. По мечот, Швајцарецот зборуваше за својата состојба и за тоа како се чувствува по уште еден настап на Вимблдон.

„Во моментот на поразот, јас бев многу нервозен. И сега сум нервозен. Но, во исто време, кога ќе заврши турнирот, ти паѓа огромен товар. Не е важно дали ја постигнувате целта или не – товарот исчезнува и се чувствувате уморни. Страшно сум уморен. Сега би дремнал. Тоа е смешно чувство. Сакам да спијам затоа што сум уморен од психолошкиот напор. Последната година и половина генерално беа долги и тешки. Но, можам да бидам задоволен од многу нешто што се случија во изминатите месеци и недели. Знам дека наскоро ќе бидам добро расположен. Можеби сега се прекорувам, се чувствувам тажно, но за неколку часа или денови сè ќе биде во ред. Само треба да разговарам со тимот, да искажам сè, да го слушам нивното мислење. И тогаш ќе размислиме за тоа“, вели Швајцарецот.

ПретходноЈа одбранија титулата: Тампа Беј е новиот (стар) НХЛ шампион!
СледноШто уште требаше за победа: Две топки на терен, пенал, ласер во лицето на Шмајхел