Шкупи е единствениот македонски тим кој триумфираше во првите натпревари од европските квалификации летово.
После поразот на Шкендија и „ремијата“ на Силекс и на Струга, Шкупи вечерва на свој терен го совлада составот на Лапи од Косово со 2:0.
Со оглед на случувањата на теренот, оваа предност треба да биде доволна а пласман во следната фаза од Лигата на Конференции. Шкупи слави, а Седлоски предупредува. Мора да се застане цврсто на земја. Резултатот е добар, ама и достижен. Затоа само цврсто на земја и на реваншот.
Треба да се напомене дека Шкупи ја имаше и „помошта“ од публиката, која дојде во солиден број да ги бодри своите миленици.